Во рамките на наставата по предметот „ Општество“ , денеска ученици од трето и четврто одделение од ОУ „ Христо Узунов“ ја посетија Општина Охрид. Дечињата имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, а посетија и неколку сектори и одделенија на локалната администрација.
Учеиците од ОУ „ Христо Узунов“ се интересираа кои се органите на Локалната самоупрва и кои се нивните обврски, како се планираат и реализираат проектите во многу области и каква е соработката со централната власт и нејзините институции.