На 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година, кој денес се одржа на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид, учествуваа и 20 ученици од ОУ „Христо Узунов“ и го постигнаа следниот успех:
Прва награда освоија учениците: Христина Митреска VIII одделение со освоени 100 поени, под менторство на наставничката Виолета Китеска, Борче Исакоски V одд. (100 поени), под менторство на наставничката Елена Китески, ученичкот Горазд Блажески V одд (86 поени), под менторство на наставничката Наташа Ѓорѓиеска и Виктор Шишкоски VI одд. (86 поени), под менторство на наставничката Ирена Бачева.
Втора награда освоија учениците: Наталија Танеска IV одделние, под менторство на наставничката Ирена Наумоска, Ана Новеска V одд. , под менторство на наставничката Ана Цветаноска. Учениците од шесто одделение Сања Јовеска, Филип Ѓорѓески и Филип Попоски, под менторство на наставничката Ирена Бачева и ученичката Драгана Усовиќ од VII одд. под менторство на Слаѓана Митреска.
Трета награда освои ученичката Ивана Пројческа VII одделние, под менторство на наставничката Слаѓана Митреска.
Пофалница добија учениците: седмоодделенците Дамјан Вељаноски, Наталија Крстаноска, под менторство на наставничката Слаѓана Митреска и ученикот Јован Лазарески од VIII одделение, под менторство на наставничката Виолета Китеска.
На натпреварот учествуваа 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца.
WebOhrid