Ќе се обновуваат фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица.

Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите ­ споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство.Следната недела, Завод и музеј треба да го распише тендерот, рече Канческа ­ Милеска.

Овој проект го најави и претседателот на ВМРО­ ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска беше во Струмица.

Владата и министерството за култура планираат реновирање на поголем број фасади во старото градско јадро. Планот е да се опфатат пет во периодот кој е пред нас. Ќе се заштитат објекти кои имаат значење од естетски, од културен или од историски аспект, рече Груевски. Во следниот период ќе продолжат и активностите и истражувањата на Цареви кули. Министерката Канческа Милевска рече дека ќе биде издадена и монографија за овој значаен археолошки и историски локалитет.