Вчера во 09.00 часот на Граничниот Премин – Ќафасан, на влез во Р.Македонија, при извршените гранични проверки било констатирано дека Ј.К.(26) од Р.Албанија, евидентира во стоп-листата со мерка „лиши од слобода“, поради што истиот е приведен.
Истиот во 09.50 часот со Потврда за предавање на лице е предаден на Полициската станица – Струга за понатамошна постапка.