Намален бројот на домашни туристи, а зголемен на странски туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2013 година изнесува 111 620, а бројот на ноќевањата изнесува 515 069. 

Бројот на туристите во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 4.5%, а бројот на ноќевањата е намален за 5.6%. 

Бројот на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 13.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.3%. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, е намален за 9.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.4%. 

Во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 7.1%, а кај странските има зголемување за 11.4%. 

Во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Кај домашните туристи има намалување за 6.1%, а кај странските има зголемување за 9.7%.