Пронајдена дрога при претрес во дом во Делогожда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.К. (28) од струшкото село Делогожда.

На 27-ми јануари годинава, при претрес извршен во неговиот дом, пронајдени се 94 грама опојна дрога марихуана. Полициски инспектори од Струга, во фиока од масичка во спалната соба, забележаа две најлонски кеси со марихуана наменета за натамошна продажба на други наркозависници и една дигитална вага марка „Фуего“.

Марихуаната е одземена и предадена не вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Таму е утвредено дека пронајдената тревкаста материја е наркотична дрога од растението Cannabis.

Пријавениот Ф.К. моментно се наоѓа во притвор во казнено поправна установа во Тирана откако кај него, неодамна албанската полиција пронашла опојна дрога марихуана и кокаин.