„Писма од земјата“ репризно во петок пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид/ Народен театар Охрид репризно во петок (8ми април), со почеток во 20:00 часот ќе ја изведе  претставата „Писма од Земјата”.

Билетите се во предпродажба во музичката продавница ЗЗ ТОП, по цена од 150 ден, а на ден на претставата ќе чинат 200 денари, и од 18.00 часот пред почеток на претставата во Центарот за култура ќе се продаваат по цена од 200 денари. Претставата е наменета за лица на возраст над 14 години!!!

„Писма до земјата“ е моно-спектакл или сатирична турболенција во која Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф или едноставно кажано Будалата. Лик кој постои откако постои светот и е тука за да не соочи сите нас со најгорчливите сегменти на човековото постоење, корупција, административен поглед кон религијата, смрт, алчност за пари, цивилизацијата воопшто. Ние како пасивни гледачи или сеирџии сме приморани од страна на Будалата да вкусиме од горката чаша и така згрозени да плукнеме на се она што ни го грчи желудникот и не тера да се мрштиме, за потоа повторно со насмевка да го почувствуваме слаткиот вкус во нашата уста-овојпат знаејќи дека може да биде и полошо. Текстот е адаптирано сценарио според раскази на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен. Ова е прв театарски проект на Никола од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.

pbp