Како дел од активности во здравствено-превентивната дејност, Црвен крст Охрид во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на спортот и Светскиот ден на здравјето, 7-ми април ќе организира низа активности насочени пред се кон подигање на нивото на свест кај населението за практикување на здрави животни навики и правилна грижа за своето здравје.
Како поддршка на активностите на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, на 6-ти април, по повод светскиот ден за спортот, со почеток во 17:00 часот, во кругот на ОУ „Григор Прличев“, Тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе организираат здравствено едукативни настани насочени кон презентација на знаења, вештини и техники за укажување прва помош.
Активностите ќе продолжат на 7-ми април на Градскиот плоштад, каде медицинските тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат бесплатни здравствени прегледи, а стручни лица ќе даваат едукативни, корисни совети за граѓаните. На платото пред споменикот на Св. Климент тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе вршат презентација на знаења, вештини и техники за укажување прва помош.
Настаните ќе бидат збогатени со промоција на здрави животни навики и здрава храна од страна на БИО КОСМОС.