Обраќање на Иванов на свеченото отворање на 19. Евроазиски економски самит – Истанбул

Обраќање на претседателот на Р.Македониха Ѓорге Иванов на свеченото отворање на 19. Евроазиски економски самит – Истанбул

„Како претседател на Република Македонија веќе шест години доаѓам на овој значаен настан организиран од Фондацијата „Мармара” и никогаш не сум разочаран од релевантните теми кои се дискутираат. Така е и на овој, 19-ти Евроазиски економски самит. Им честитам на господинот Сувер и на неговиот тим што се секогаш во тек со глобалните теми.

Живееме во епоха на економска, техничка и културна меѓузависност што не е слична со ниту една претходна епоха. Секојдневно се достигнуваат нови достигнувања во научниот и во техничко-технолошкиот развој. Но, во услови на криза, современиот свет изгледа како улица на која многу брзи автомобили се заглавени во сообраќаен метеж.

Сведоци сме на перманентни кризи и перманентни стресови, кога речиси сите се во исчекување да се случат огромни промени.

Противниците на глобализацијата, сфатена како вестернизација, ги користат нејзините придобивки за да се борат против неа.

Имаме нова преселба на народите. Милиони мигранти и бегалци се лишени од правото за припадност, место на кое ќе се чувствуваат безбедни. Европа стана најпосакувана дестинација за милиони од глобалниот

Како што бројот на бегалци ќе се зголемува, така волјата и подготвеноста на Европската Унија да ги прифаќа и интегрира ќе се намалува. Истовремено, мигрантската криза придонесе кон дополнително затегнување на односите меѓу државите. Колку е послаба соработката меѓу државите, толку е посилна соработката меѓу криминалците. Некои забележаа дека трговијата со луѓе станува попрофитабилна од трговијата со наркотици.

Она што дополнително загрижува е што истите канали ги користат и поединците со затворени умови кои со насилни терористички акти сеат насилство. Неодамна, покрај Париз, Брисел, Анкара и Истанбул се најде на ударот на тероризмот и насилниот екстремизам, кои создадоа нова реалност во Европа.

Обидувајќи се да се справи со предизвиците што произлегуваат од економската, мигрантската и безбедносната криза, Европската Унија се соочува со центрифугални сили.

Во вакви турбулентни времиња, кога сè повеќе владеат стравот и неизвесноста, неопходен е глас на мудрост што ќе понуди решенија за овие горливи предизвици. Бегалците и мигрантите не се статистика, туку човечки битија, со неотуѓиви човечки права и со вродено човечко достоинство. Секој од нив е човек во потрага по среќа. За post festum да не ја согледаме моќта на немоќните, мора да бидеме хумани кон нив, и да им излеземе во пресрет.

Убеден сум, оваа сесија на Евроазискиот економски самит ќе придонесе кон наоѓањето на одржливи одговори и решенија.“– рече Иванов.

????????????????????????????????????