Света литургија по повод празникот „Свето Благовештение“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има само во црквата „Св.Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.