Во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, по повод празникот Свето Благовештение – Благоец беше отслужена Вечерна богослужба заедно со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Виоскопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игро Никовски, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Павел Крцоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.