Заев: Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција истакна:

„Македонијо,

Заедно ја продолжуваме борбата за слобода, борбата за демократија.

Повикувам на широк граѓански фронт за слободна Македонија против Никола Груевски.

Повикувам, во Платформа за слободна Македонија да се приклучат: коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите, интелектуалците, професорите, вработените, невработените, целата демократска јавност, сите борци за слобода…

Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата, да ја донесеме слободата.

Бидејќи сега тоа не е прашање на личен избор, туку прашање на Македонија и нејзината иднина.

Демократска Македонија не прифаќа лажни избори.

Слободна Македонија за фер избори и слободни медиуми.

Слободна Македонија за независни институции во служба на граѓаните.

Слободна Македонија за вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Слободна Македонија за враќање на европските вредности и зачувување на националните интереси на Република Македонија.

Или Груевски или Македонија!

Заедно застануваме на страната на Македонија!“- рече Заев.