Ликовната колонија „Куманово“ традиционално се одржува од 1974 година на неколку локации како конаците на „Прохор Пчињски“, манастирот во село Матејче, а во последната декада делата се изложени во Меморијалниот центар АСНОМ …
Во Aмбасадата на Република Македонија во Париз, Франција, синоќа беше отворена изложба на Ликовната колонија „Куманово“.
Посетителите на оваа изложба, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, имаа исклучителна можност да видат осумнаесет ликовни дела потпишани од врвни светски имиња, како Денис Боувен од Велика Британија и Паоло Чампини од Италија, како и од академски реномирани уметници од нашата земја, меѓу кои: Борко Лазески, Ана Темкова, Зоран Јакимовски, Димитар Манев, Веле Ташковски, Рубенс Корубин, Васил Василчев, Нове Франговски и Димитар Малиданов.
„Одбравме навистина репрезентативни уметнички остварувања и сум презадоволна од претставувањето пред париската и европската јавност. Ова е голем успех за нашата институција, а особено за македонските ликовни дејци“- потенцираше Анита Цветановска, директорка на Музејот од Куманово.
Директорката во своето обраќање напомна дека во соработка со локалната самоуправа на Општина Куманово и со поддршка од Министерството за култура, во тек се подготовките за организација на ликовната колонија која треба да се одржи во август годинава.
Ликовната колонија „Куманово“ традиционално се одржува од 1974 година на неколку локации како конаците на „Прохор Пчињски“, манастирот во село Матејче, а во последната декада делата се изложени во Меморијалниот центар АСНОМ.