Промоција на новата колекција од EJSI & Aini во Concept37

Оваа среда (13-ти април) во Concept37 во 20:00 часот, ќе биде промовирана новата колекција BOTANY на Стевчо Наумоски и Ели Аин од дизајнерските студија EJSI & AINI.

Пролетно освежување од EJSI & Aini design. Рачно сликаните торби од колекцијата BOTANY се полни со боја.

Понесете Магнолија. Ова дрвце со прекрасни цветови нека биде дел од вашата гардероба или изберете јасмин, плумбаго, романтично и свежо.

Во оваа колекција преовладуваат виолетова и сината боја, како и зелената преку лисјата на филадендронот.

Пролетта и летото се одлична можност да бидете похрабри и искомбинирате повеќе бои.

Повелете во среда во Concept 37 и погледнете ги торбите кои произлегоа од соработката помеѓу Стевчо Наумоски и Ели Аин. Facebook event: https://www.facebook.com/events/606987512799971/

Стевчо Наумоски е дипломиран дизајнер. Моментално дизајнер во EJSI. Повеќе на: www.facebook.com/EJSI.design

Ели Аин магистрирала на Факлутетот за ликовна уметност во Скопје. Последните неколку години е активна на полето на дизјанот, повеќе на: www.facebook.com/Aini-design-602478589889147/

Понесете пролет со себе, по промотивна цена за време на изложбата.

ЕЈСИ
ул. Трајче Трајчески 19, Охрид