Ангелов: Се приклучуваме на Платформата за демократска Македонија, за рушење на криминалниот режим

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, во изјава за медиумите истакна:

„Како политичка партија којашто произлегува од македонските бранители, со десна ориентација, покрај некои лоши искуства во минатото со СДСМ, и покрај одредени мали разлики за некои прашања, сепак ние се приклучуваме на оваа Платформа за демократска Македонија. Бидејќи целта е една, целта е рушење на овој недемократски, криминален и корумпиран режим.“- рече Ангелов.