Заврши ИКАС 2016

Република Македонија и градот Скопје викендот беа во центарот на кајак спортот. ИКАС од година во година го подига своето реноме и станува се привлечен за се поголем број европски кајакари.

Техничкиот делегат на ИЦФ Томислав Црнковиќ, со највисоки оценки за организација на европскиот куп во спуст кој изминатиов викенд во организација на кајакарската федерација на Македонија се одржа на Матка.Тоа неофицијало би требало да значи добивање на Европското првенство во спуст за 2017година.

Новото раководство на чело со претседателот Коста Ефтимов , под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и градотСкопје одлично го организираа овој 48-ми ИКАС и Европскиот куп во спуст на кој првото место во К1 мажи во слалом му припадна на Украинецот Игор Цвет.Второпласиран беше Хрватот Рен Кореш, додека пак третото место му припадна на Боре Мирчевски од Велес. Од жените се истакна Викторија Ус од Украина.

Што се однесува на првото коло од Европскиот куп во спуст водечката позиција и победник на европскиот куп во К1 мажи е Дарко Савиќ од Босна и Херцеговина. Од Македонските кајакари најдобро пласиран беше Љубомир Спасиќ. Следното коло на Европски куп во спуст ќе биде во Босна , а третото во Аузбург Германија.

На 48-от ИКАС настапија 14 држави со околу 150 кајакари, исто толку и на првота коло на Европскиот куп во спуст на диви води.

ams_ikas