Благодарница за придонес за успешната работа на Царинската управа и поддршка на реформите во царинското работење, во име на Агенцијата за храна и ветеринарство доби денес директорот м-р Зоран Поповски од Царинската управа на Република Македонија, во рамки на свеченото одбележување на 24 години од постоењето на Царинската управа на Република Македонија како самостоен државен орган. Благодарницата е доделена на Агенцијата во име на Светската царинска организација, по повод 26 Jануари – Меѓународен ден на Царината, кој годинава се одбележа под мотото Дигитална Царина.
На свеченоста која се одржа во царинската управа на Република Македонија, присуствуваа високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата, претставници од царината и други институции и компании.
Наташа Радеска Крстевска, директор на Царината, на свеченоста истакна дека Царинската управа е модерен и ефикасен сервис на граѓаните, економските оператори и државата. Годинава, додаде таа, РепубликаМакедонија стана дел од транзитниот систем на Европската Унија, а ако резултат на посветената реализација на економските политики на Владата на Република Македонија за одржување и унапредување на конкурентниот економски амбиент, преку постојано предлагање и спроведување на мерки за олеснување на трговијата и транспортот, во најновиот Изв ештај Doing Business, Република Македонија кај индикаторот Услови за прекугранично тргување (Trading Across Borders) е рангирана на високото 26 место помеѓу 189 земји во светот, што претставува скок од 101 место во однос на 2007 година кога Република Македонија беше рангирана на 127 место.