Царинската управа на Република Македонија организира претходна обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапникво период од 09.05-20.05.2016 година. Првиот дел од испитот ќе се одржи на 13 јуни 2016 година, а вториот дел на 1 јули 2016 година. Уверение за посетена обука е задолжителен документ при пријавување за полагање на стручен испит за лиценциран застапник (согласно член 13 од Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки).
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати најдоцна до 30.04.2016 година, да достават податоци (име и презиме, телефонски број и адреса на живеење) на следната електронска адреса: aleksandra.ilievska@customs.gov.mk, за да може соодветно на пријавениот број на кандидати да се утврдат термините по теми предвидени за претходната обука и место на одржување на обуката.
Надоместокот за посета на претходна обука и за полагање на стручниот испит во висина од 16.000 денари да се уплати на трансакциска сметка 100000000063095, сметка на корисник 0900 300 175 787 14 и приходна шифра и програма 725 939 20 и истата во оригинал да се приложи при доаѓање на обука.
Воедно, информираме дека дополнително ќе објавиме јавен повик за одржување на стручен испит за лиценциран застапник во кој ќе бидат нотирани сите потребни документи што треба да се достават кон Пријавата за полагање на стручен испит за вршење на застапување.