Екипите на „Јавна хигиена“ го чистат кејот и потегот од Лагадин до Елешец

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел „Милениум”.

„Подигнати беа 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници. На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.“– велат од претпријатието.