„Импровокација“ утревечер пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар утревечер повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.

Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари.

WebOhrid