Државната изборна комисија денеска го усвои роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените парламентарни избори, закажани за 5 јуни.
Според одлуката на ДИК, избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април. Проверката на списокот ќе трае 15 дена, а ќе биде затворен на 19 мај. Според роковникот, кандидатските листи на партиите ќе треба да се заклучат до 11 мај, а на 16 мај и официјално ќе почне изборната кампања.
Од избирачкиот список ќе се избришат само 1.135 лица за кои е утврдено дека се починати.
ДИК побара од Министерството за информатичко општество да им достави податоци административните работници кои ќе бидат избрани во општинските комисии, а од Министерството за надворешни работи список вработени кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората. Комисијата од Министерството за внатрешни бара им се достават материјали за сомнителни гласачи, но од МВР велат дека не се во можност до 5 јуни да ги направат проверките на сите податоци кои од нив се бараат.
Претставниците на СДСМ во ДИК, Виолета Дума и Игор Милев, кои вчера демонстративно ја напуштија седницата на која се гласаше за прочистувањето на избирачкиот список и дали се исполнети условите за одржување на изборите, денеска не се појавија на седницата. Од СДСМ засега не нема информации дали нивните членови си поднеле оставка или оправдано отсуствувале од денешната седница.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кој вчера исто така ја напушти седницата, денеска рече дека останува на својот став и оти денеска присуствувал за седницата да може технички да се одржи.