Прва награда за филмот „Еден ден од мојот живот“ на Наталија Стрезовска од ОУ „Св.Климент Охридски“

На годинешниот филмски фестивал „Кинофест Алгоритам 2016“ во организација на гимназијата „Алгоритам“ од Скопје, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид учествуваше со два филма, од кои филмот „Еден ден од мојот живот“ на ученичката Наталија Стрезовска ја освои првата награда од публиката со над 1000 гласови.

3

Ова е прв филм на Стрезовска во кој самостојно, на еден духовит начин, се обиде да прикаже еден ден од животот на еден ученик. Во филмот учествуваа и други ученици кои помогнаа при снимањето и монтирањето, а ментор беше наставничката Никица Мишева.

2

Филмот беше проследен со внимание од страна на публиката при доделувањето на наградите што се одржа во просториите на гимназијата „Алгоритам“ во Скопје.

 1 (1)