Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.04.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/литар, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.04.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 04.04.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 44,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,703 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.04.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 16,931 ден/кг.