Од УХМР информираат дека денес во Македонија времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност со температура до 32 степени. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.
До вторник ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, па така на некои места највисоката дневна температура на воздухот ќе го надмине 30-от степен целзусов.
Во вторник во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд. Потоа под влијание на северно воздушно струење дневните температури значително ќе опаднат.