Партерно уредување на улица „Андон Дуков“

Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” Охрид, деновиве започна градежни активности за поставување на гранитни и камени плочи на улица „Андон Дуков“ во населбата Кошишта. Старите камења и гранитни плочи се санираат и се враќаат во првобитна положба. Се работи на партерно уредување на простор во должина од околу 250 метри а активностите се очекува да завршат за 7-10 дена.

Претходно на оваа улица МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид вршеше реконструкција на водоводната мрежа.

Parterno_Andon_Dukov_4851