Компонентата Заедници за учење во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ спроведуван од Фондацијата Чекор по Чекор – Македонија го организира првиот МРЕЖЕН НАСТАН помеѓу основните училишта од 1. и 2. фаза, вклучени во овој проект.
Целта на мрежниот настан е споделување на искуствата, постигнувањата и предизвиците од работата на развојните активности на членовите на заедниците за учење. На оваа средба ќе учествуваат наставниците – членови на заедниците за учење кои своите развојни активности ќе ги претстават со постер презентации и Power Point презентации, а директорите на училиштата ќе ги поздрават учесниците на почетокот на настанот.
Овој мрежен настан ќе се одржува помеѓу училиштата:
1. ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
2. ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид
3. ОУ „Григор Прличев“ – Охрид
Мрежниот настан ќе се одвива во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид дeнес со почеток во 13 часот.