Успех на охридските гимназијалци на Општинскиот и Регионалниот натпревар по англиски јазик

На 16ти април на одржаниот општински и регионален натпревар по англиски јазик учениците од ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид ги освоија првите три места и тоа: Христијан Петровски – второ место на општински и прво на регионален, Владо Војдановски – прво место на општински и второ место на регионален, под менторство на Ленче Ристевска, и Анастасија Андрееска – трето место под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа.

Со ова тројцата уценици се пласираа на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 7ми мај годинава.

anglis