Можности за соработка на охридските основни училишта со „Јахја Кемал“

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денеска оствари протоколарна средба со Мустафа Атил, новиот директор на основното училиште кое функционира при образовната институција „Јахја Кемал“ од Струга.

На средбата од двете страни беше изразена желбата за меѓусебна соработка кога станува збор за реализација на проекти во основните училишта. Се разгледуваа можностите и за организирање на натпревари на кои би учествувале ученици и од државните и приватни училишта.

Во насока на градење заедничка соработка основното училиште при „Јахја Кемал“ доби отворена покана со своја екипа да учествува на манифестацијата „ Детски семафор“ што треба да се одржи на 27 мај годинава во Охрид.