Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Омур Солендил.
На средбата двајцата соговорници разговараа за продлабочувањето на политичката криза во Република Македонија со незаконската одлука на Владата за одземање на надлежностите на министрите Спасовски и Ременски и одлуката на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за општо помилување на сите политичари, која предизвика огромно незадоволство меѓу граѓаните.
Амбасадорот Солендил го информираше министерот Спасовски за потребата од продлабочување на соработката и засилување на безбедносните активности околу спречување на евентуални загрозувања на безбедносен план што е од интерес на двете пријателски држави.