Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Словачка Мартин Безак

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Амбасадорот на Словачка Република во Република Македонија, Н.Е. Мартин Безак.

Работната средба беше искористена за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Словачка Република за заеднички патроли на територија на Република Македонија во рамки на заеднички операции. Со потпишување на овој Меморандум за разбирање се утврдува постапката за испраќање на словачки полициски службеници на територија на Република Македонија за поддршка на македонските полициски службеници во насока на поуспешен надзор на македонско – грчката граница.

Двајцата соговорници разговараа и за продлабочувањето на политичката криза во Република Македонија со незаконската одлука на Владата за одземање на надлежностите на министрите Спасовски и Ременски и одлуката на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за општо помилување на сите политичари, која предизвика огромно незадоволство меѓу граѓаните.