Воведено електронско плаќање на сметките од ЈП „Водовод“ Охрид

Од денес граѓаните на Охрид ќе можат електронски да ги плаќаат сметките од ЈП „Водовод“ Охрид. Ова електронско плаќање не е само плаќање, туку е и преглед на сите оние сметки кои се заостанати и кои се обврска на сите корисници да ги подмират кон ЈП „Водовод“ Охрид, рече денес на прес-конференција директорот Томе Паскалоски.

„Од денеска воведуваме еден нов производ, еден нов пакет услуга према нашите потрошувачи, односно електронско плаќање на сметките за физичките лица кои на број се 20 илјади до 23 илјади коминтенти, вклучувајќи ги викендашите во летниот период достигнуваат бројка од 30 илјади коминтенти. Со ова добиваме поголема економичност, заштеда на време, заштеда на ресурси, ангажирање на вработени, заштеда на материјални средства, хартија, намалување на редовите и гужвите во нашите служби, кај што се односите за јавност и наплатните центри, намалување на гужви по банки и пошти.“ – истакна Паскалоски.

Опцијата работи 24 часа во денот, ќе може секој кој што има интернет пристап да се логира, да се најави во системот на www.evodovod-ohrid.com.mk и преку истиот ситем да изврши плаќање на колку сметки што сака. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање.

Граѓаните ќе може да дадат сугестии, коментари, забелешки, недоразбирања околу сметките, да комуницираат со ЈП „Водовод“, за да се подобри квалитетот на услугата.

TomePaskaloski

Со оваа опција, рече директорот Паскалоски, во претпријатието ќе се подобри наплатата, услугите, комуникацијата, сугеститиите, како и ќе се намалат трошоците.

„Сметам дека оваа опција ќе можат да ја користат и маргинализираните лица, оние кои не можат да излезат од дома, хендикепирани лица и сл. Ова е модерна опција, варијанта, која што е само прв чекор од она што го планираме и понатаму да го спроведеме во однос на електронската комуникација. Се надевам дека сите натамошни сугестии од корисниците ќе ги имплементираме во овој софтвер и ќе го подобриме за понатамошно работење.“- додаде Паскалоски.

VodovodElektronskoPlakanje1WebOhrid