Oдбележана 400-годишнината од смртта на Шекспир

Во рамки на глобалниот проект „Shakespeare Lives” ширум светот со кој се одбележува 400-годишнината од смртта на Шекспир и Денот на книгата, на истиот му се приклучува и Охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од ASP UNESCO училишната мрежа со цел на промоција на цивилизациските вредности и наследството на Шекспир за целото човештво.

Неговите дела извршиле силно влијание и биле вистинска инспирација за плејада писатели, композитори, режисери, балетски кореографи, сликари и останатите уметнички дејци подоцна. Длабоката психолошка анализа на ликовите на Шекспир значително влијаеле и на големиот Сигмунд Фројд и на неговата подоцнежна психоаналитичка теорија.

sekspir3

И ден денес, тој продолжува да не инспирира !

Денес група ученици подготвија пригодна програма, читање сонети, презентација на историските факти од животот на Шекспир и делови од познатите драми „Ромео и Јулија” и „Отело”.

sekspir2