ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Недела на солидарноста

Основното училиште „Григор Прличев“ се вклучи во акцијата на Црвен крст Охрид, по повод Недела на солидарноста 18-24 април.

IMG_7019

„Основците и вработените донираа помош во храна, средства за хигиена, облека, обувки, детски играчки, постелнина… акцијата наиде на голем одѕив.

Под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“ вклучувањето и спроведувањето на оваа акција ги поттикна нашите ученици на хуманост.“– велат од училиштето.

IMG_7018 IMG_7013