Во Охрид одбележан 22ри април – Денот на планетата Земја

Најмладите и највозрасните волонтери на Црвен крст Охрид заеднички го одбележаа 22 април, Денот на Планетата Земја.

Тие во дворот на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка на ЈП „Охридски Комуналец“, засадија садници како симбол за живот и здрава животна средина која е неопходен услов за опстанок на сите генерации. Во таа насока беа и пораките на младите кои преку креативни цртежи на плочникот пред Црвен крст Охрид, ги упатија до сите луѓе на Планетата Земја, да ја чуваме и одржуваме чиста и здрава животната средина и да се однесуваме одговорно кон природата.