Во периодот од 17.04.2016 до 19.04.2016, од страна на Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ беше предводена регионална операција наречена Balkan Trigger, насочена кон нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од Западен Балкан, која резултираше со лишување од слобода на 14 лица и заплена на експлозив, оружје и муниција.
Имено околу 40 парчиња различно огнено оружје, 6 кг. експлозив, 11 рачни гранати и 1 300 парчиња најразлична муниција беа запленети во текот на операцијата Balkan Trigger која траеше 48 часа и која беше спроведена од страна на 5 000 полициски службеници распоредени во земјите кои беа дел од оваа операција Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора.
Заради зголемената загриженост за состојбата со недозволената трговија со огнено оружје од балканскиот регион во Европа, кое се користи за терористички напади, клучниот фактор за спроведување на оваа операцијата на ИНТЕРПОЛ е утврдување на силна мрежа за поефикасно сузбивање на овој вид на криминал.
Околу 43 000 лица беа сопрени на граничните премини, транзитните патишта и посебно определените места за контрола, по должината на целиот регион, со повеќе од два милиони проверки извршени во дата базите на ИНТЕРПОЛ, вклучително и базите за потрага по лица, изгубени и украдени документи и украдени ПМВ.
Неодамнешните терористички напади како во Европа така и во светот каде како примарно се користи повеќе огненото оружје од експлозивот, покажа дека потребно е да се направи поефективна контрола – истакна во своето обраќање г-ди Tim Moris, Извршен Директор во ИНТЕРПОЛ.
Целта на операцијата Balkan Trigger е да се создаде цврста основа која ќе биде појдовна точка за понатамошните активности на земјите во борбата со НТ со огнено оружје.
Исто така во текот на операцијата беа запленети и 52 кг марихуана, 14,5 кг. злато и 250 000 евра.
Покрај полициските службеници кои дејствуваа во сопствените земји, во регионалниот координативен центар во Сараево партиципираа и полициски службеници од земјите учеснички, а кои дејствуваа во корелација со координативниот центар во Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ.
Податоците добиени од операцијата понатаму ќе бидат дополнително анализирани со цел добивање на почиста слика за можни потенцијални поврзаности со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко.