Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 29 април 2016 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед коишто го чевствуваат им го честита празникот Велики Петок.