Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А. (28) од Охрид.
При претрес извршен во два стана во Охрид што ги користел пријавениот, пронајдени и одземени се 80 семки од растението Cannabis sativa.
Откако набавил одредена количина опојна дрога марихуана, пријавениот Г.А. во својот дом ја препаковал во помали количини со цел понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид а дел оставил за лична употреба.
На 09-ти ноември минатата година во 19 часот и 30 минути, на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициските службеници го сопреа неговото патничко возило марка ,,Ауди“ што тој го управувал и при преглед во преграда во предната врата пронајдоа хартиена паковка со марихуана наменета за натамошна продажба. Пронајдената опојна дрога е одземена и предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.