Младите волонтери на Црвен крст изработуваа украсни предмети кои ќе се продаваат за хуманитарни цели

Неуморните волонтери на Црвен крст Охрид и вредните рачиња на децата со посебни способности од Охрид, децата од социјално загрозени семејства и децата од згрижувачки семејства, волонтерите од оригами клубот, на креативни работилници организирани овој викенд во Црвен крст Охрид, изработуваа декоративни, украсни предмети наменети за хуманитарни продажни изложби кои во текот на деновите пред и после велигденските празници ќе бидат организирани на јавни места во нашиот град. Целта е да се соберат средства за помош на ранливите категории.

„Се поканувааат сите наши сограѓани, во празничните денови кои се пред нас, да ги посетат штандовите на Црвен крст Охрид и барем за миг ја почувствуваат и споделат силината на емоциите и пораките кои се вткаени во оригиналните и уникатни велигденски производи изработени од детските раце.“- велат од Црвен крст Охрид.