Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Христо Узунов во градскиот парк и на спомен-обележјето во селото Цер-Кичевско, каде што се одржа и панихида, денеска завршија свеченостите по повод одбележувањето на 111. годишнината од погибијата на херојот на Македонската револуционерна борба, што ги организира Општина Охрид.
Свежо цвеќе положија делегации на Советот на Општина Охрид, Основното училиште и здружението што го носат името на Христо Узунов, Сојузот на борците, Здружението за Македонско-Бугарско пријателство,потомците на Узунов, како и делегации на политички партии и други здруженија на граѓани.