Дополнување на кривична пријава „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, поднесена на 14.04.2016 година

На 14.04.2016 год., СВР Скопје – Единица за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предаде Н. А. (30) и Ф. Н. (30) двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека истите сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ, извршено на 13.04.2016 год., за време на одржување на ненајавен протестен собир на кој присуствувале околу 2000 граѓани, на тој начин што учествувале во толпа со заедничко дејствување, со фрлање на тврди предмети, удирање и кршење на инвентарот, како и други дејствија насочени кон оштетување на надворешниот и внатрешниот дел на објектот на Народната Канцеларија на Претседателот на РМ, при што била предизвикана материјална штета.

Во врска со кривично правниот настан од страна на Единицата за насилен криминал преземени се дополнителни мерки и активности во однос на утврдување на лица учесници и можни сторители, во врска со горенаведениот настан, при што по дополнително прегледување на видео запис, утврдено е дека лицата З. С. (39) од Битола а со место на живеење во Скопје и В. К. (39) од Скопје учествувале во толпата која го демолирала објектот на Народната Канцеларија на Претседателот на РМ.

На 22.04.2016 година, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал лицата биле повикани на службен разговор, меѓутоа поради тоа што истите не се пронајдени за да им се врачат поканите, Единицата за насилен криминал достави дополнителни покани и на 25.04.2016 година З. С. и В. К. се јавиле на службен разговор во просториите на ПС ОН Кисела Вода, по што по консултација со Дежурен Јавен Обвинител истите се лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното Јавно Обвинителство.

Имено, утврдено е дека З.С. кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија на Претседателот, додека В. К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната Канцеларија на Претседателот, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

На 25.04.2016 година Единицата за насилен криминал, со Писмено известување до надлежното ОЈО Скопје ги предаде З. С. и В. К. поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ.