Државната изборна комисија (ДИК) од денеска го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата.
Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број.
Граѓаните, всушност, вршат увид во избирачки список во кој не е внесена никаква промена, затоа што процесот на ажурирање сè уште трае. Се очекува деновиве ДИК да усвои извештај во кој ќе бидат внесени прочистени податоци.
Извор: meta.mk