Директорот на ОУ „Братство – Единство“, Охрид, Муамер Доко, заедно со наставниците од училиштето Емилија Паункоска, Бурим Хидри и Ајнет Пашо, како и ученици од училиштето, викендов беа во посета на Република Турција, односно во градовите Текирдаг, Черкезкој, Едрене и Силиври.
Тие, со 18 ученици од трите националности, со мултиетничко оро присуствуваа на Детскиот фестивал, со што го претставија училиштето, градот Охрид и нашата држава.
Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со градоначалникот на Черкезој, Вахап Акај и заменик градоначалникот, претседателот на Советот на општина, заменик директорот за образование, директори на училишта и претседателот на Организациониот одбор на фестивалот. Во Силиври делегацијата гостуваше кај директорот Јусуф Гувен.
Покрај овие средби, делегацијата посети училишта и културно историски споменици.
WebOhrid