Во 2000 година, земјите-членки на Светската Организација за Интелектуалната Сопственост (WIPO) го одредија 26 април – денот на кој WIPO Конвенцијата стапи на сила во 1970 година – како Светски ден на интелектуална сопственост со цел да се зголеми општото разбирање за интелектуалната сопственост.
Од тогаш, Светскиот ден на интелектуалната сопственост нуди единствена можност секоја година да се приклучуваат сите од целиот свет за интелектуалната сопственост да се гледа како придонес за развојот на музиката и уметноста и за развој на технолошките иновации кои помагаат за оформување на нашиот свет.
Оваа година се истражува иднината на културата во дигиталната ера: како да се создаде тоа, како да се пристапи, и како да се финансира. Ќе се разгледува и тоа како балансиран и флексибилен систем за интелектуална сопственост помага да се обезбедат оние кои работат во креативните сектор и самите уметници, дека се соодветно платени за нивната работа, така што тие ќе можат да продолжат да создаваат.
WebOhrid