АХВ ги зголеми дневните максимално дозволени вредности за креатинот и Л- Карнитинот

На последниот одржан состанок, Комисијата за посебни видови храна донесе одлука со која се изврши зголемување на досегашните максимални дозволени вредности за дневна употреба на Креатинот од 3 на 5 грама и на Л- Карнитинот од 1 на 2 грама.

Со новата одлука се елиминираат тешкотиите со кои беа соочени операторите со храна при увоз, односно им се дава можност на пазарот на Република Македонија да ги пласираат производите кои се продаваат и на европскиот пазар.

Овој тип на производи најчесто го употребуваат спортистите при интензивен мускулен напор.