Учениците Теодор Тасевски и Наталија Стрезовска при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, учествуваа на годинешниот Меѓународен фестивал на детско творештво „Креативна чаролија“, кој е во организација на Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Република Србија и УГ „Креатива – креативно образование“ од Бања Лука во соработка со Институтот за креативен развој на младите од Словенија.
Учениците под менторство на Никица Мишева, професор по македонски јазик, твореа на тема „Срце се нема да се има, срце се има да се даје свима“, при што за своите поетски творби беа пофалени и со тоа се стекнаа со право да земат учество на 12 Меѓународен фестивал „Креативна чаролија“ што ќе се одржи наредниот месец во Бања Врујци, Република Србија.
„Им посакуваме успех на младите поети и се надеваме дека ќе се стекнат со вредни награди, кои ќе бидат поттик за нивната понатамошна творечка работа.“– велат од улилиштето.