СВР Охрид со позачестени активности за беспрекорен ред во сообраќајот

И покрај поволните безбедносни параметри, СВР Охрид продолжува со доследно, целосно и професионално спроведување на планските мерки за континуирано подобрување на безбедноста и сигурноста на граѓаните и туристите.

Активностите пред се ќе имаат превентивен карактер, а целта е зголемување на степенот на безбедносната култура, елиминирање на можностите за нарушувања на јавниот ред и мир, вршење кражби и теренски увид  на сообраќајот  на повеќе сообракајници низ градот.

Во таа насока, бележејќи зголемен број на туристи овие денови и зголемена фрекфентност во сообраќајот, СВР Охрид ќе спроведе позачестени мерки за беспрекорен ред во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи од сите учесници. Полициските службеници ќе ги контролираат возачите на моторни возила и ќе укажуват на потребата од прописно паркирање на патничките моторни возила посебно во централното градско подрачје. Посебно ќе се контролираат моторциклистите кои се повеќе ги има на сообраќајниците со укажување на неопходната потреба од носење заштитен шлем при управувањето со моторцикл. Превентивно ќе се делува и кон пешаците за потребата од прописно преминување на сообраќајниците  и коловозите.

СВР Охрид ќе интервенира по сите  законски основи но и по барања и реакции на граѓаните и посветено ќе работи на расветлување на пријавените казнени дела.