Во Великиот и свет Петок, утрово во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беа отслужени Царските часови, заедно со Вечерна богослужба, на кои чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
На Вечерната богослужба, според црковниот типик, се изнесе и светата плаштаница, со која се симболизира положувањето на Спасителот Христос во гробот.