Велес, Охрид и Скопје во мај ќе бидат домаќини на најдобрите млади баскетџии од Македонија учесници на квалификациските турнири за пласман на завршницата од Јуниорското првенство (за играчи до 18 години) на Македонија во 3×3.
Велес на 8 мај годинава ќе биде домаќин на првиот квалификациски турнир. Најдобрите две екипи од турнирот во Велес обезбедуваат пласман на завршниот турнир на осумте најдобри екипи во јуниорска конкуренција во 3×3.
Организатор на вториот квалификациски турнир на 14 мај ќе биде Охрид. И од овој турнир најдобрите две екипи обезбедуваат виза за популарниот „Фајнл Ејт“.
Последниот квалификациски турнир ќе се игра во Скопје на 21 мај. Четирите најдобри екипи од квалификацискиот турнир од Скопје ќе го комплетираат елитното друштво на осум тима учесници на завршницата која ќе го даде новиот шампион на Македонија во јуниорска конкуренција во 3 ќе го комплетираат елитното друштво на осум тима учесници на завршницата која ќе го даде новиот шампион на Македонија во јуниорска конкуренција во 3×3.
По крајот на завршниот Фајнл Ејт ќе биде селектиран и тимот кој ќе ја преставува Македонија на Квалификациите за ЕП во Рига Латвија.