Во вторник пристигнува првата група холандски туристи во Охрид

Првата група туристи од Холандија во Охрид за летната сезона во 2016 година пристигнува во вторник- 3 мај.

Туристите, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ во 9:00 часот ќе ги пречекаат Зоран Крстевски, генерален менаџер на ТАВ Македонија, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Асим Меџедовиќ, директор на туристичката агенција „Фибула Ер-травел“.