Во текот на празничниот продолжен викенд, СВР Охрид ќе презема ефективни, пред се превентивни мерки, со цел зачувување на јавниот ред и мир и подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот.
Мерките на полициските службеници ќе се насочат кон учесниците во сообраќајот што ги кршат сообраќајните правила и прописи и не ги почитуваат законските одредби од Законот за безбедност во патниот сообраќај. Мерки, посебно ќе се преземаат кон сторителите на казнени дела, со цел елиминирање на можностите за нарушувања и загрозување на јавниот ред и мир и вршење имотни деликти.
Викендов ќе има контролни активности низ угостителските објекти кои ќе се реализираат согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за заштита од пушење, законот за угостителска дејност, законот за туристичка дејност како и по други законски основи од кривичниот законик. Акцент ќе биде ставен на присуство на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот и точење алкохол на малолетни лица.
До сите граѓани, од СВР Охрид апелираат на максимална совесност во однесувањето, почитување на правилата и прописите и целосен ангажман во зачувувањето на безбедноста на подрачјето.